За подготовка на ова јадење можете да ја употребите вашата фантазија, да ставате состојки по ваш вкус, да експериментирате ......
Во овој случај, мерките се за 2-3 лица, во зависност дали е предјадење или вечера (тогаш е за 2 лица) ..... најубави ми испаѓаат јадењата кога комбинирам состојки кои во тој момент ми се наоѓаат дома:
- 1 модар патлиџан (среден)
- 1 тиквичка (помала)
- 1 патлиџан (среден)
- 3-4 чешниња лук
- маслинов зејтин 100 гр
- сирење за рендање 50 - 100 гр
- пиперка (може и малку лута)
- сол
- тенко исечен интегрален леб или леб со семки
Модриот патлиџан се мие и се сече на не многу тенки тркалца - 1,5 цм.
Добро се посолува и се остава да стои 1 саат да се исцеди и да му излезе горчината. Потоа секое парче се стиска меѓу дланките, за да излезе што повеќе течност од него.
Додека патлиџаните се печат, ситно се сецка свеж магдонос и 3-4 чешниња лук (модриот патлиџан бара многу лук), се мешаат со малку маслинов зејтин, неколку капки соја сос (не е обавезно), неколку капки оцет (не е обавезно, само малку го зајакнува вкусот)
и со таа смеса се премачкуваат тркалцата модар патлиџан.
Се враќаат во рерна, таман толку колку што ви треба да исечете еден патлиџан на тркалца .... најубаво би било доколку имате горен грејач и да го ставите плехот на 10-ина цм од него .... па се вадат од рерна и се редат и патлиџаните врз нив .... па се враќаат во рерна ... таман додека го спремите следниот "кат"
на купчето - една пиперка насецкана на тенки тркалца и 100 гр рендано сирење.
Ваш коментар: