Том Колинс (Tom Collins)

Том Колинс (Tom Collins), пријатен коктел од џин, сок од лимон, едноставен сируп. Првиот пишан рецепт за овој пијалок е од 1876 година (прав дедо), од таткото на американската миксологија – Џери Томас.





Иако едноставен, јас доста се изнамачив додека не најдов вистински баланс на компонентите за овој коктел.














 Ќе Ви бидат потребни:

50ml џин

30ml сок од лимон (свежо исцеден)

20ml едноставен сируп (50%шеќер, 50%вода)


мраз и кисела вода










Во шејкер ставете 4-5 коцки мраз, па додадете џин, сок од лимон, сируп и мешајте околу половина минута. Коктелот може да го сервирате во висока (Колинс) чаша или во коктел чаша на сталак. Наполнете ја чашата со мраз до горе и процедете ја содржината од шејкерот во чашата.







Дополнете до горе со кисела вода и декорирајте со парче или круг од лимон или со една мараскино цреша. Пијте го додека сеуште „жубори“. На здравје!












Ваш коментар: