Тиквички на мој начин





Обожавам тиквички во секаква варијанта. Пред некој ден немав идеја што да правам за вечера, проверив што имам во фрижидер и резултатот беше фантастичен - тиквички со прекрасен вкус, а доволно лесни да бидат вечера во овие топли денови. 








Овој пат употребив: (мерката е за 2 лица)

- 1 тиквичка средно големка
- 50 гр. мисиркина шунка
- 50 гр. кулен
- 125 мл. павлака за готвење со вкус на пармезан
- еден голем зрел патлиџан (не ја употребив конзервата на сликава)
- една лута пиперка
- 2 чешниња лук
- 50 гр. фета или моцарела
- малку кашкавал за посипување
- магдонос и нешто за декорација




Тиквичката се мие добро (не се лупи кората) и се сече по должина.

Месото од тиквичката се расекува на коцки (не до крај туку на 1 цм од кората) и се посолува.
Во тенџерс се става вода да зоврие и се става тиквичката да врие околу 3 минути. Јас ги ставав една по една, немав толку големо тенџере за двете заедно. Тиквичката мора внимателно да се извади затоа што веќе е омекната и може лесно да се скрши.
Кога обарените тиквички ке се оладат, со лажица внимателно им се вади "месото" до 1 цм до кората. Треба да се внимава тиквичката да остане со раб од сите страни за да не истече филот




Додека го правиме филот, можеме слободно да ги ставиме издлабените туквички во подмачкан плех, да ги полиеме со малку зејтин и да ги ставиме во рерна на 100° да омекнат.




А филот се спрема на следниов начин: Се гмечат чешнињата лук и се ставаат во тава со загреан зејтин, им се додава ситно сецкано "месото" што го издлабивме од тиквиците и се динста  5-10 мин да испари течноста. Се додаваат сецканите шунка и кулен и се динста уште 5 мин. На крај се додава врхњето за готвење и со мешање се вари додека не стане густо. Се додава ситно сецканиот магдонос и тоа треба да изгледа вака --------> 



Се полнат тиквичките со филот и се печат во рерна 15 мин на 180° додека фатат коричка и да добијат убава златна боја.


Се вадат од рерна, врз нив се редат парчињеа моцарела или фета и лебни крутони (коцки од препечен леб), за запекуваат уште 5 мин и на крај врз нив се ренда пармезан или кашкавал по желба.






За декорација ми послужија мали патлиџанчиња и мојот омилен густ прелив од Aceto Balsamico.

 



Ваш коментар: