Погача - посна




Добар рецепт за посна погача, овој пат беше искористен за погачата со паричка. Од ова тесто можат да се прават и посни кифлички и убав леб.












За една голема погача е потребно :
- 1 кг брашно тип 500
- 500 мл кисела вода
- коцка свеж квасец
- 4 лажички шекер
- 2-3 лажички сол
- 9 супени лажици зејтин

Киселата вода се загрева малку, во неа се додава шекерот и квасецот и се чека неколку минути квасецот да се раствори. Во брашното се меша солта и зејтинот и се додава квасецот. Се замесува тесто и се меси додека не престане да се лепи за рацете. Тестото се остава на топло место додека не се дуплира и потоа пак се замесува. (околу 1 час)

Од тестото се прават разни облици ( топчиња, плетенки ...) и се ставаат во плех, претходно намачкан зо зејтин. Ако ја украсувате, треба да се остави малку тесто да се направат украсите.
Се остава 10-ина минути пак да нарасне и се премачкува со зејтин или со брашно помешано со малку вода. (со тоа се лепат украсите)
Додека погачата стасува, тестото што сте го оставиле за украси се развлекува со сукало и се прават разни форми .... цветчиња ... листови ... ако е за слава, се става и крст.






Се пече 40-ина минути на 200°C.  Готова е кога долната страна ке добие убава румено - кафена боја (тоа се проверува ако на кратко ја превртите погачата) Кога ке биде печена, се премачкува со зејтин или се попрскува со вода.. Се вади од плехот и се сервира. Може и да се замрзне, па да се извади кога ке има потреба.
Ваш коментар: