Руски капи...или шубари

Комплицирани се за правење, ама кога ќе се пробаат, сѐ се заборава….






















Потребни состојки:

(за тесто)
-     10 јајца
-     500 гр шекер
-     250 гр брашно
-     ¾ прашок за пециво
-     2 лажици какао
  
(за крем)
-     ½ литар млеко 
-     7  лажици брашно (полни)
-     1 маргарин или путер (250 гр)
-     250 гр шекер во прав
-     Сок од ½ лимон
  
(за глазура)
50 гр чоколадо за готвење
мелени ореви или кокос





 
10 жолчки се матат со 500 гр шекер, се додава 250 гр брашно, прашок за пециво, какао и 10 супени лажици топла вода. На крајот се додава цврсто матен снег од 10 белки.  Смесата се дели во 2 плеха, обложени со хартија за печење. (ако немате можност за истовремено печење во 2 плеха, тогаш ставете прво половина од смесата или  матете го тестото 2 пати по пола мерка)





Кога тестото е печено, се превртува од плехот и со стаклена  чаша се сечат кругови.

На еден круг од тесто ставаме крема, нежно ја поклопуваме со друг круг, внимаваме помеѓу нив да остане крема, потоа со крема ги мачкаме и од страна. 
Потоа ги тркаламе во мелени ореви или кокос.



На крај правиме чоколадна глазура, треба да биде малку погуста, да не се разлее …. и ја ставаме на секој колач.
  




ммммммм… фантастично!!!!

Ваш коментар: