Расцветан кромид - Blooming onion

Расцветан кромид не ми звучи убаво, јас ке си го викам Blooming onion, некако поелегантно е.

Елегантно изгледа, вкусот е фантастичен, брзо се прави ... тие
што го пробаа беа одушевени

Може да се прави во секое време, состојките потребни за ова интересно мезе или предјадење  секогаш ги имате дома




Посни проја мафини


Овие мафини се посни, ама ако не постите можат многу убаво да се комбинираат со сирење, кајмак, саламче, сланинче ..... Лесно се прават, ама само ако имате калапчиња за мафини, најдобро силиконски.
Јас бев противник на силиконски калапи, ама кога еднаш пробав да печам во нив - веке никогаш нема да печам во други!!!







Brownies


Овој пат brownies ги правев според рецептот на мојот омилен кувар и прочуен слаткар Rudolph Van Veen.

Многу се лесни за правење, а количината која излегува не е занемарлива. За калориите овој пат нема да дискутираме :)))






Сурими салата


Интересна, декоративна, посна салата, малку невообичаена. 
Главна состојка се сурими стапчињата - тоа се рибји филети од посебно одбрани видови бела риба. Месото од рибата се сече на ситни парчиња и се мијат во ладна вода за да се зачуваат белковините, а месото добива облик на бела смеса, слична на паштета. Таа смеса се обликува во стапчиња и термички се обработува на пареа. Значи, сурими стапчињата не мораат да се варат пред употреба. Затоа оваа салата брзо се спрема.



Pizza ролнички



Интересни, вкусни, богати со фил ... прекрасни се кога се топли, можат да се јадат и ладни ..... можат и да се замрзнат .... со едно тесто може да се направат и солени и благи ролнички ...