Негрони (Negroni)

Негрони: коктел со примамлива црвенкасто-портокалова боја која зрачи со енергија, а во себе крие опасно висок процент на алкохол. 










Заедно со Мохито, се наоѓа на врвот на листата на најчесто нарачувани коктели во Италија.



Неговото потекло е сигурно и документирано. Извесен господин гроф по име Негрони, кој патувал по светот, а живеел во Фиренца, во 1919-1920 година, еден ден, седејќи во омилениот бар Кафе Казони во Фиренца, каде вообичаено нарачувал коктел Американо (црвен вермут, кампари и сода),  му рекол на познатиот бармен: „Батка, штотуку се вратив од Лондон... еј таму ама добро се живее... пијат џин од сабајле до вечер...„ 
Барменот земал чаша, ставил мраз и рекол: "Грофе, вообичаеното?" 
А грофот малку се замислил и одговорил:  "А наместо сода да ставиш џин да видам како ќе испадне?"
 Се разбира, му се бендисало и од тој ден таа комбинација станала "вообичаеното" а за сите други посетители на барот тој коктел се викал "она што го пие грофот Негрони" или скратено НЕГРОНИ.



Вистинското Негрони е многу едноставно: 
еднакви делови на 
Џин 
Кампари  
Црвено Мартини  - секое по 30мл
во ниска чаша со коцки мраз и кришка портокал.






Постои и варијанта на „згрешено Негрони„, каде наместо џин се става пенлиаво бело вино, Просеко, од подобар квалитет.















Ваш коментар: