Лонг Ајленд Ајс Ти (Long Island Iced Tea)

Лонг Ајленд Ајс Ти (Long Island Iced Tea) мора да се пие внимателно. Ова „коктелче“ не е за оние кои сакаат коктелчиња.




Прв пат е направен во 70-тите години и го носи името на најголемиот остров во континентална Америка, Лонг Ајленд – Њујорк. Иако не содржи леден чај, вкусот е доста сличен. Само вкусот!














1. Ставете 4-5 коцки мраз во висока чаша.

2. Додадете:
30 мл водка
30 мл текила
30 мл рум 
30 мл џин 
30 мл трипл сек (ликер од портокал).

3. Измешајте ја содржината во чашата.

4. Дополнете ја чашата до горе со Кока кола.
 

 
Дел од Кока колата можете да замените со „слатко-кисел“ микс. (sweet & sour mix)
или уште поедноставно: oвој микс ќе го подготвите со мешање на 150мл сок од лимон со 2 лажици шеќер. 
Чашата се украсува со лимон, а по желба декорацијата можете да ја дополните со гранче нане или некоја друга миризлива тревка.

Има доста варијации на овој коктел. Меѓу поинтересните Adios Motherfucker, каде наместо трипл сек и кока кола додавате блу куракао (Blue Curacao) ликер и 7up.










Ваш коментар: