Предјадење или мезе

      Дали е исто предјадење и мезе? На мене ми е исто. Разликата е што едното може да трае цел ден или цела вечер и тогаш се вика мезе, а другото трае само до сервирањето на главното јадење и тогаш се вика предјадење.









Ние имаме обичај да претераме со предјадењето или мезето (а тоа значи и со ракијата), па после малку ни е напорно да уживаме во главното јадење, затоа кога правам свечен ручек, не сакам да има многу мезе,  само некоја слата или нешто “light”.
Е, сега ... не знам како да ги поделам во категории, па ке ги ставам сите интересни мезиња што сум ги правела на едно купче.





Полнети јајца 


5 тврдо варени јајца
мајонез
сенф
сол
магдонос
додатоци по желба
Варените јајца ги сечеме на половина, ги вадиме жолчките и ги пасираме. На пасираните жолчки им се додава сол, мајонез и сенф, добро се меша, да се добие хомогена смеса .


На така пасираните жолчки може да им  се додаде
издробено сирење
сецкана кисела краставичка
кавијар
туна од конзерва
рендан пармезан или кашкавал
сецкана пикантна салама
..... и се друго што ви се наоѓа при рака

Смесата се става во шприц со широк отвор и со неа се полнат половините од белка.
Се украсува со магдонос (јас тука сум ставила и кавијар за декорација)


 
Предјадење или мезе можат да бидат  Маринирани шампињони

Се прават така што на зејтин (пола обичен и пола маслинов)  се запржуваат ситно сецкани лук и магдонос и им се додаваат свежите шампињони. Печурките ке пуштат течност, ама треба да се додаде и 50 мл вода и 50 мл бело вино и се меша додека водата не испари (околу 20 мин). Се посипуѕваат со малку презла и се оставаат да стојат малку, да се соединат вкусовите. Може да се јаде ладно и топло.




Предјадење или мезе може да биде и салатата од Варена боранија 


На кратко (15 мин да врие) се обарува смрзната боранија во солена вода..
Се цеди и се остава да се лади. Се додава маслинов зејтин, aceto balsamico врз тоа се ренда некој кашкавал, најдобро е пармезан, ама може и друг и се посипува со сецкани ореви. Јас му додавам и малку лук во прав. Се служи ладно или топло.

И разни сендвичи и брускети спаѓаат во предјадења и мезиња

За нив не читам рецепти,  само треба да се види што има во фрижидер и да се употреби фантазија


Може да се направи ладна варијанта, со кисели краставички, варени јајца, мајонез ....

... или топла варијанта, со кечап, фета сирење, салама, песто.....








Ваш коментар: