Посни проја мафини


Овие мафини се посни, ама ако не постите можат многу убаво да се комбинираат со сирење, кајмак, саламче, сланинче ..... Лесно се прават, ама само ако имате калапчиња за мафини, најдобро силиконски.
Јас бев противник на силиконски калапи, ама кога еднаш пробав да печам во нив - веке никогаш нема да печам во други!!!










За 30 мали или 15-20 големи од овие едноставни и брзи за подготвување мафини ви се потребни:

- 250 гр пченкарно брашно
- 150 гр палента
- 100 гр бело брашно
- прашок за пециво
- 200 мл зејтин
- 300 мл газирана вода
- малку сол (во пченкарното брашно не се става многу сол, тестото станува тврдо)
- по желба: маслинки, семки од сончоглед, тиква ... ситно сецкан зеленчук

Се мешаат сите видови на брашно и прашокот за пециво и се додаваат водата и зејтинот. Тестото не треба да биде многу густо ниту многу течно, за да не може да се разлие во калапот.
Густината на тестото зависи од видот на брашното па вие ке  процените дали треба да се додаде уште малку вода, што воопшто нема да биде проблем.



Потоа во тестото се додаваат состојките кои сте решиле да ги ставите во мафините .... ако не мораат да бидат посни може да се стави и сирење или сецкана салама или .... И врз нив може да се стави некоја маслинка или сусам
Калапите со полнат со смесата за мафини, која треба да биде до ивицата на калапот, со печењето малку се порасне.
Се печат околу 30 мин на 180°С, по можност со вентилатор (ако шпоретот ја има таа опција, нормално)


Мафините се вадат од калапите (ако се силиконски, мафините сами излегуваат од нив) и се ставаат во хартиени корпички, ако сакате да ви бидат шаренки.




Ваш коментар: