"BLT" сендвич

 
Најдобар сендвич на светот!

Сендвич со сланина, салатка и домат + јајце и кашкавал. Деца, нема да ве лажам, сендвичов има околу 3,4 милиони калории ама дефинитивно вреди да се проба.

(а не знам зошто се вика BLT )










Овој сендвич го правел Иле, значи ова е машки сендвич. 
Ова е неговото "оправдание":  "Замислете, се враќате дома после тежок ден на работа. Гладни, жедни... сакате нешто добро да јадете. Е сега замислете го сендвичов и ладно пиво." 
Јас не пијам пиво, ке го замислам со Coca Cola за да заокружам на 3,5 милиони калории





 
Ќе Ви биде потребно следново:

1 убаво лепче (во случајов користиме средна „босанка“)
150g сланина
100g млечен кашкавал
1 домат
2-3 листови зелена салата
1 јајце
30ml мајонез




 

Упатство:



1. Пресечете го лебот на половина. Можете да користите и две кришки од некој добар, ароматичен леб или онаков каков што Ви е омилен.

2. На горната страна од лебот наредете исецкан кашкавал и ставете го во рерна (на 150˚С) за да се растопи кашкавалот.




3. На долната страна од лебот намачкајте мајонез, па наредете патлиџан сецкан на тркалца и малку посолет.
 
4. Пропржете 10-ина тенки парчиња сланина и наредете ги врз доматот.






5. Испржете едно јајце на око (од двете страни) и ставете го врз сланината. Врз сланината ставете неколку листови зелена салата.

6. Комплетирајте го сендвичот и пресечете го на половина за да се видат сите слоеви.




Со овој рецепт Ви предлагаме да се напиете грч ладно македонско пиво. Уживајте!















Ваш коментар: