Секој знае како се фарбаат јајца, јас само можам да набројам неколку техники на фарбање, посебно ако бојата не ви се погодила или ако јајцата пукнале при варење :))
1. Фарбање со кромид
Според мене, ова се најубавите јајца. Со мермерни шарки, во сите бои.
Ви требаат лушпи од кромид, во кои ке ги завиткате јајцата пред варење.
Секое јајце убаво се завиткува со лушпи и се става во некоја тенка најлонска чорапа и убаво се врзува.
Така завитканите јајца се ставаат во тенџере и се варат стандардно, со боја. Најубави се кога се офарбани со зелена боја или плава, затоа што кромидот сам по себе пушта црвена и жолта боја.
Кога ке се сварат, се одвиткуваат од лушпите и секое јајце е различно, со прекрасни шарки.
2. Украсување со салвети http://www.marthastewart.com/266278/decoupage-eggs-revived
За оваа техника се потребни хартиени салвети или прецизно исечени орнаменти од салвети.
За лепење се користи изматена белка од јајце и четка.
Ова се примери како изгледа кога се лепи само еден орнамент.
Се оставаат да се исушат добро и на крај можат да се премачкаат со зејтин како и сите останати јајца.
3. "Изгребани" јајца
4. Испрскани јајца
5. Седефасти јајца
Убаво изгледаат, имаат убав сјај, малку метален, и добри се за прикривање на пукнатини и флеки.
Се фарбаат со специјалните седефасти бои што ги има секаде каде што се продаваат и обичните.
На крај секое јајце убаво намачкајте го со зејтин и нежно избришете го со хартиена салвета, така ке има убав сјај.
Ваш коментар: