Ражњичи



Кој е македонски збор за ражњичи? Раженчиња?
Како и да е, еве една полесна варијанта на ражњичи, комбинација на месо и зеленчук. Зеленчукот освежува, му дава убав вкус на месото и го прави сочно.










А месото го прави сочно и маринадата во која стои неколку часа пред подготвување. Ама, ај прво да почнеме со месото.



За 4 луѓе, треба приближно 1 кг месо.
За овие ражњичи измешав еднакви делови на свинско од бут, свински пафлак и свинска коленица.
Месото се сече на коцки и се става во подлабок сад во кој ке треба да стои поклопено во фрижидер неколку часа.

Немам некој посебен рецепт за маринада, ставам разни зачини, сакам месото да има вкус и мирис.



Обично ставам:

сенф
лук свеж
лук во прав
рузмарин
бибер
Вегета
чили (не секогаш)
Се додава и малку масло и се мешаат убаво, да се спојат.  Се покриваат и се оставаат да стојат на ладно 2-3 часа.

Додека меото се маринира, го спремаме зеленчукот - го сецкаме на коцки или кругови. Може да се користи секој зеленчук што може термички да се обработува:
-патлиџан, мини или голем, па сецкан на парчиња
-кромид, главица сецкана на коцки од по 1.5цм или млад кромид сецкан на парчиња од по 1,5 цм
-маринирана пченка
-маслинки
-тиквички сецкани на коцки
-модар патлиџан
-пиперка .....


Коцките маринирано месо и зеленчукот се боцкаат на стапчиња за ражњичи наизменично, за еден ражњич се доволни 4-5 парчиња месо.

Постапката на правење  на ражњичите ке ја видите тука:
http://www.youtube.com/watch?v=zSlgYqkMCHw









Кога сите ке бидат готови, се редат на скара и се печат по 3-4 минути од сите страни или вкупно 15-20 мин со постојано вртење.






Печењето на ражњичите МОРА  да звучи вака:  :))))
http://www.youtube.com/watch?v=olm3UuB75TI



Се служат со разни сосови, помфрит, гарнир од зеленчук, пире ..... и уште на мнооогу начини, по ваша желба!
Ваш коментар: