Американски палачинки / American pancakes


Одамна им се спремав да ги правам, ама не бев сигурна дека знам да ги погодам.
Ама сега кога ги направив, мислам дека обични палачинки веќе нема да правам.








 

 
Потребни состојки
  •  2 шољи брашно
  •  2 кафени лажици прашак за пециво
  •  1/2 лажичка сол
  •  2 кафени лажици шекер
  •  1 ванилин шекер
  •  2 јајца
  •  2 шољи млеко
  •  4 лажици зејтин

Сите состојки се мешаат додека не се добие тесто погусто од тоа за обични палачинки. Се пржат на тефлонска тава со многу малку зејтин.
Се става тесто доволно да се направи круг од 10-тина сантиметри и се пече по 1 мин од двете страни.


Кога ке бидат готови, се редат една врз друга, јас ги редев по 5 со различен прелив – едните беа со топено чоколадо, другите беа со мед и ореви и цимет. 



На неколку палачинки, додека се печеше едната страна, во тестото наредив смрзнати малини (тоа имав во фрижидер, инаку може овошје по желба да се реди).











Така наредени ги превртував и малините остануваа во тестото и пуштија малку сок ... ммм, вкусно!!!
И врз нив ставив мед – прекрасни беа!!!



Ваш коментар: