Колач со сливи (старински)

Мајка ми порано правеше нешто слично, ама со вишњи ... секогаш се радувавме кога цела куќа мирисаше на цимет и ванила. Овој пат имав некои сливи кои беа неподносливо кисели и тврди и решив да направам колач со нив, на старински начин.









За мојот плех ми беа доволни 600 гр сливи.
Неколку часа пред да го правам колачот, ги измив сливите, ја извадив семката и ги исеков на четвртини. Во стаклен сад ги ставив сливите, 5-6 супени лажици шекер, додадов ванила, цимет, рум и ликер од бадем. Се меша убаво и се остава да стои додека сливите не ги впијат сите мириси и вкусови.
Повремено се промешува.


 
Оваа мерка е за среден плех, доволен за 10 солидни парчиња колач

3 јајца
9 супени лажици шекер
9 супени лажици зејтин
9 супени лажици брашно
1/2 прашок за пециво
ванилин шекер
сок и рендана кора од еден лимон
.


Се матат посебно белките, а жолчките се матат со сите останати состојки. На крај се додаваат изматените белки и полека се меша тестото. Едната половина од тестото се става во добро подмачкан плех, а во другата половина се додаваат сливите кои веке омекнале и пуштиле сок.







Полека се истура целата смеса во плехот и се полива сомала количина од сокот од сливите.

Тоа треба да изгледа вака




Тестото се пече 30-40 мин на 200°C. Проверуваме дали е доволно печено со чачкалица - ја боцкаме чачкалицата до дното на плехот, ако остене сува по вадењето, тогаш колачот е готов, ако на неа остане тесто, тогаш му треба уште печење.





Готовиот колач го посипуваме со остатокот од сокот кој го пуштиле сливите додека беа во шекер. Чекаме уште малку да се олади, па се посипува со шекер во прав и цимет. Се сече на коцки и се сервира. Убаво изгледа кога до него ке се стави и топка сладолед.


Јас го јадам топол, не можам да чекам да се олади. :)))







Ваш коментар: