Ова не се класични лазањи, тие се прават со болоњезе сос и бешамел. Овие лазањи се малку "развеселени" со бои и нови вкусови.
- 500 гр мешано мелено месо
- пакување лазањи (што не се варат)
- зеленчук по желба (морков, млад кромид, тиквица, спанаќ, пченка)
- вегета, сол, бибер, 2 чешниња лук
за бешамел сос:
- 700 мл млеко
- 3 супени лажици брашно
- малку путер или маргарин (50 гр)
Во тава на зејтин се пропржуваат
морковот и младиот кромид и се
додава меленото месо. Се додаваат сол, бибер, вегета, зачини по желба и ситно исечкан лук и се динста 15-ина минути (се додава малку вода, да не биде многу суво)
Пченката се обарува во вода околу 5 минути и се цеди.
Тиквичката се сече на тенки парчиња по должина и се пропржува на малку зејтин.
Бешамел сосот се прави лесно: на тивко се топи путерот и се додава брашното, малку се запржува, ама не смее многу да потемни, се додава млекото, постепено, се додека не се згусне како пудинг. Се додава малку сол.
Сега почнуваме со редење на лазањите: плехот за печење го намастуваме со малку зејтин и ставаме тенок слој од бешамел сосот. Корите за лазањи се редат да ја покријат целата површина на плехот (можат да се поклопуваат или можат да се кршат до потребната димензија)
Пред крај на печењето лазањите се посипуваат со рендан кашкавал или сирење. Се оставаат во исклучена рерна уште 10 минути и уште 10 минути надвор од рерната, малку да се оладат, за да можат полесно да се сечат.
Се сечат на парчиња 10x10 цм и се сервираат.
Ваш коментар: