Карамелизирани батачиња (Лути батаци со мед)

Имаме рецепт за лути ракчиња со мед, па кој не сака морска храна, може да направи континентална верзија - батачиња карамелизирани со мед!





 








Можат и пилешки крилца вака да се карамелизираат, и карабатаци .... ама јас имав батачиња па ги искористив. Оваа количина е доволна за 2 лица:


- 6 мали батаци *
- 70 гр сенф
- 70 гр кечап
- 70 гр мед
- сок од еден лимон
- 2-3 чешниња лук
- чили
- сол/бибер




* овој пат имав смрзнати батаци и за да не губам време за одмрзнување, малку ги обарив во вода, 10 мин. Така уште поубаво ке ја впијат маринадата и побрзо ке се испечат.


Сите состојки, освен месото, се ставаат во поголем сад и се мешаат. Лукот треба ситно да се исецка или да се истолчи во аван.




Се додава месото и добро се промешува, месото да биде покриено со маринадата од сите страни и се остава да стои поклопено неколку часа во фрижидер, а може и цела ноќ.














Кога ке решиме да ги печеме, ги ставаме во сад за печење покриен со алуминиумска фолија или онаа за печење. Се печат на 200 °C околу 30 мин и за тоа време често ги поливаме со остатокот од маринадата.








Кога ке бидат готови треба да бидат со боја на карамела и лепливи од медот. А ако сте ставиле и чили ке бидат така пикантно лути што веднаш ке морате да се ладите со пиво.  :)))
Ваш коментар: