Текила Санрајз (Tequila Sunrise)

Текила Санрајз (Tequila Sunrise). Прва асоцијација на Текила Санрајз ми е Мел Гибсон .... затоа и го сакам коктелов. :)))
И секогаш кога јас ќе помислам на коктел, некако ми доаѓа црвено-портокаловата слика од овој сладок и освежителен пијалок.














Ќе Ви бидат потребни 

45ml бела текила 
90-120ml сок од портокал





Гренадин сирупот е сируп од калинка и црна рибизла. Доколку не можете да најдете ваков сируп искористете некој сличен (од брусница, малина или рибизла) но сепак највкусно е со Гренадин.




 
1, Ставете ги текилата и сокот од портокали во шејкер во кој претходно сте ставиле 2-3 коцки мраз. Енергично мешајте околу 30 секунди.

2. Процедете ја количината од шејкерот во висока чаша со 4-5 коцки мраз.

3. Внимателно, по краевите на чашата истурете го сирупот за тој полека да се слие на дното на чашата. Нежно промешајте .

4. Декорирајте со парче портокал, една цреша и 1-2 цевки.







Само за Вас, колку да си знаете, доколку наместо текила користите водка, коктелот ќе се вика „Руско изгрејсонце“. Доколку користите Рум – Caribbian Sunrise, а доколку го земените Гренадин сирупот со бренди од капина ќе добиете Текила Зајдисонце (Tequila Sunset).


NICE!










Ваш коментар: