Топло / Ладно

Конечно решив да го откријам фамозниот рецепт за легендарните Топло/Ладно колачи.

Гледам дека сестра ми ми го пратила рецептот далечната 2005 год, тогаш само кај Фуфо се правеа овие колачи (и кај мене дома)…









Ги имам направено милион пати и секогаш правам тродупла доза затоа што се практични за чување и ги имам во секое време (обично после 23ч. добивам желба да ги јадам).
Ова се едни од ретките колачи каде што многу внимавам на мерките … хммм… добро, само чоколадо ставам повеке од напишаната количина .. и цимет … и арома на бадем … другото е исто



Значи, мерки за една доза или 6 калапчиња
 (оригинално, како што сум го добила од Деа)
80 гр путер
20 гр брашно
3 јајца
80 гр шекер
шекер во прав
100 гр чоколадо за готвење (јас ставам и до 170 гр, појаки стануваат колачите)
малку цимет (јас ставам многу)




Измати ги јајцата со шеќерот, додај го брашното и циметот. Во меѓувреме стопи го на пареа чоколадото со путерот и додај го на измутените јајца и брашно и мешај со лажица додека не се изедначи бојата.
Премачкај со путер и попрскај со брашно 6 калупчиње (Cuki, ги има по нашиве супермаркети) наполни ги со смеса, не до горе, 1цм пред работ, и стави ги во замрзнувач најмалку 3 часа. Кога ќе сакаш да ги испечеш, во рерна затоплена на 210° стави ги директно од замрзнувач и печи 17 минути.
Се сервира топло, со сладолед или некоја ладна крема или шлаг.
Ваш коментар: