Пинаколада

Пинаколада (Pina Colаda) е сладок коктел на база на рум, сок од ананас и млеко/крем од кокос. Најчесто се приготвува во блендер или во шејкер. 

Пинаколадата е официјален пијалок на Порторико, каде во 1954 година е и за прв пат направена.









Оригиналниот рецепт содржи 30мл бел рум, 30мл крем од кокос и 90мл сок од ананас. Јас за овој рецепт ќе користам млеко од кокос а исто така ќе додадам и 30мл зачинет, домашен рум. Доколку сакате коктелот да биде „послаб“ слободно намалете ја количината на рум.















                                                                                 
                                                                                     
1. Во шејкер додадете 4-5 коцки мраз.

2. Врз мразот истурете по 30мл бел рум, домашен рум и млеко од кокос.

3. Додадете 90мл сок од ананас и енергично мешајте околу 45 секунди.

4. Добро оладената кремаста смеса се процедува во ниска чаша (во која може да се стават и неколку коцки мраз) и се декорира со парче ананас.








Овој пијалок може да се сервира и во висока чаша на сталак (за коктели), а декорацијата може да се дополни и со една цреша.

Овој коктел светска слава стекна откако се појави песната на Руперт Холмс – „Escape”,... сигурно ја знаете...





Ваш коментар: