Мохито (Mojito)

Најдоброто Мохито (mojito) што можете да пробате е она кое ќе си го направите дома, верувајте. 
Ова не е еден од моите омилени коктели, ама сум го нарачувала често. Направено вака, со домашно нане и едноставен сируп е една од поубавите варијанти. А варијанти на Мохито има милион, секој си го прилагодува според себе...








Да бидам фер, можеби ќе пробате подобро мохито под сенката на некој бар на некоја плажа во Куба, од каде и потекнува овој коктел. А варијанти на Мохито има милион, секој си го прилагодува според себе... Направено вака, со домашно нане и едноставен сируп е една од поубавите варијанти. Мојата омилена варијанта е со нане и кафеав шекер толчени во аван.


Едноставен сируп? 
http://www.epicurious.com/recipes/food/views/Minted-Simple-Syrup-15243 

Помешајте еднаква количина на вода и шеќер, загрејте и готово. Значи некој вид на слаб шербет. Ваков „едноставен сируп“ се користи за голем број на коктели и баш ова е тајната на многу бармени. Во овој случај во сирупот ќе додадеме нане. Вие одлучете колку нане ќе ставите, по вкус. Направениот сируп можете да го чувате во фрижидер многу долго време, ама верувајте нема да Ви потрае ;)

 
 

А сега рецептот:

1. Ставете 30мл од едноставниот сируп со нане во висока чаша.

2. Додадете 5-10 листови свежо нане и помешајте.

3. Додадете неколку коцки мраз и повторно помешајте.

4. Сега додадете 40-60мл светол рум, а можете дел од количината да замените со зачинет, темен рум за малку посилна арома (домашен рум, тој што го знаеме сите).

5. Исцедете половина лајм (зелен лимон) и додадете го во чашата. Тоа е околу 20мл. Доколку немате лајм, додадете сок од лимон, но сепак оригиналниот рецепт е со лајм.

6. Дополнете ја чашата со кисела вода, сода вода или слично, помешајте.

7. Декорирајте со лајм, гранче нане и цевка и уживајте.













Ваш коментар: