Лути ракчиња со мед

Еве еден рецепт кој лесно  се спрема, а нема да ве остави рамнодушни. Може да се послужи како мезе, предјадење или - заедно со други морски плодови -  како главно јадење.








Потребно е:
½ кг исчистени шкампи или мали ракчиња
1 лажица мед
30 мл соја сос
1 чешне лук
1 лажичка ситно сецкан лут буковец или сува лута пиперка

Исчистените ракчиња ставете ги во сад во кој ќе ги додадете медот, соја сосот, ситно исецканиот лук и лутото пиперче. Убаво измешајте, покријте и оставете да стои во фрижидер барем 3 часа, а уште подобро цела ноќ. Кога ќе сакате да ги спремите истурете ги ракчињата со останатите состојки во намастена тава и пропржете ги додека сосот не се згусне.  
Така зготвените ракчиња можете да ги послужите на квадратчиња од лиснато тесто или наредени на ражнич стапче како предјадење или како главно јадење со прилог од бел ориз или свежа салата.

Ваш коментар: