Мерките за оваа погача си ги прилагодив за моите потреби, значи мала погача е, а вие можете да ја направите од дупла доза и со поголем број на "ливчиња"
Мерки за мала погача (пола доза)
- 1/2 квасец
- 150 мл млеко
- шекер, сол
- 350 гр брашно
- 1 јајце
- 100 гр стопен маргарин
Квасецот се става во топло млеко со 1 лажица шекер и 1 лажица брашно и се остава 10 минути.
Во брашното се става 1 лажичка сол, се меша квасецот, се додава стопениот маргарин и 1 јајце. Се добро се замесува и се остава еден саат да стасува на топло.

Округлото тавче во кое ке се пече погачата се мачка со маргарин (кога правам мала погача, користам широко и плитко тенџере).
Е сега, на средина на намачканото тавче се става ниска чаша или некој сад и врз него се става расуканата кора. Потоа околу чашата се редат останатите 5 топки тесто. Треба да се наредат симетрично, може да има и простор помеѓу нив, после во текот на печењето ке се рашират.

Се пече на 200 ⁰С 15 мин, потоа се намалува температурата и се пече на 150⁰С уште 30 мин.
Погачава ја правев на Велигден, затоа мораше да биде декорирана со јајце ;)
Ваш коментар: