Свинска коленица

Кога ќе се испече добро, месото се топи во уста .... и има незаборавен вкус!!!

Кој ја пробал, се одушевил!
















Потребни ни се:
  • една свинска коленица по особа      
  • вегета
  • суви сливи
  • јаболки
  • кромид
  • лук
  • бибер
  • морков и суво грозје (по желба)
  • зачин каранфилче
  • зејтин







Во длабок плех се става малку зејтин и врз него се ставаат свинските коленици кои претходно сме ги посипале  со Вегета.

Околу колениците ги ставаме овошјето, зеленчукот и зачините – сувите сливи, јаболките (излупени и исечени на парчиња), кромидот (ако е мала главицата може цела, ако е поголема, исечена на 2), цели чешниња лук, моркови, суво грозје... на крај се додаваат 10–ина зрна бибер и неколку каранфилчиња.




Се посипуваат со зејтин и со 100 гр вода. Плехот се затвора со фолија. Се пече на 200 - 250С околу 2 саата. Повремено фолијата се вади и колениците се вртат. Се внимава да секогаш да има течност во плехот. Кога ке бидат печени (а тоа се гледа кога месото ке почне да се одвојува од коската) се вади фолијата и се пече уште 10 мин, да фати коричка. По желба во плехот можете да додадете и 50 мл бело вино.


Кога колениците се печени, ги вадиме од плехот и во во него ставаме компири излупени и исечени на пола, се мешаат со зејтинот од печењето и зеленчуците, се покриваат со фолија и се печат 1 саат на 180С. 



На крај се прави сосот  (испечените компири и коленици се ставаат во рерна за да не се оладат). Сè што останало во плехот после печењето (кромид, јаболка, лук, суви сливи, бибер во зрно, каранфилче ...) се става во длабок сад и се пасира со блендер. 
    
 










Сосот го сервираме заедно со коленицата и компирите...

Ваш коментар: