Свинско месо во сос

Овие денови имаше многу скари, можеби некое парче ви останало ... може да се искористи и да се направи нешто многу вкусно, слично на Селско месо












Потребно ви е:


- остатоци од скара или некое друго печено месо
( секако дека не мора да се остатоци, може да е било кое месо, сецкано на ситно парчиња и испечено или испржено)
- печурки свежи или маринирани
(јас денес имав свежи буковки и маринирани шампињони)
- кашкавал, 2-3 тенко сечени парчиња
- Вегета
- павлака или хопла
(за 3 порции ми беше доволно 150 гр хопла)








Во огноотопрен сад се става половина од количината на месо и се додаваат сецкани свежи буковки.










Врз нив се редат парчиња кашкавал, па се додава остатокот од месото.





Врз месото се редат сецкани маринирани шампињони. Се посипува со Вегета.





На крај се полива со хопла или павлака. Се пече околу 30 мин на 180⁰


На крај се полива со хопла или павлака. Се пече околу 30 мин на 180⁰





Ваш коментар: