Цезар салата

Се вика Цезар салата,
значи спаѓа во категоријата  салати, иако може да помине и како лесен ручек или вечера













                                                     


- зелена салата, марула
- бело пилешко месо, печено на скара (или пржено) и исечено на коцки
- крутони од леб ( средина од леб исечена на ситни коцки од 1цм и потпечени на тефлонска тава или во рерна)
- мајонез 150гр
- сок од пола лимон
- лук, сол, маслинов зејтин


Салатата се става во длабок сад, се зачинува со сол и маслиново масло. Врз салатата се става пилешкото сечено на ситни коцки и крутоните од леб.




Се меша мајонезот со сокот од лимон, му се додава лук свеж или во прав, сол и бибер по желба. Со сосот се прелива салатата и лесно се промешува. На крај се посипува со рендан пармезан (јас го сакам сечен на тенки листови, затоа секогаш така го ставам)










Салатата треба веднаш да се јаде за да останат крутоните крцкави.
Ваш коментар: