Ежиња

Интересно и атрактивно предјадење ...
Не дека нешто ќе се заситите, ама вреди да се проба 

 















Ежиња можеме да направиме само ако дома имаме:

       - суви сливи без семка
       - кашкавал исечен на парчиња
       - тенко сечена сланина
       - масло за пржење

 




 


     
Кашкавалот се сече на коцки или правоаголници и се става во средина на сувата слива.
  
Сливата се затвора и се обвиткува со тенко сечена сланина. Целата слива се зацврстува со чачкалица и се пржи 1 минута во длабоко и загреано масло.  

Чачкалиците се набодуваат на јаболка или портокал исечен на пола






Ваш коментар: