"Икебана" од зеленчук

           Икебана ... (имево не ми се свиѓа, барам идеи за официјално име)














 







Ке земете зеленчук по желба, тоа треба да бидат ситни парчиња или зеленчук што може да се сече – јас во овој случај имав 
- маринирани шампињони и мали пченкички
- маслинки (и црни и зелени без семка)
- мали патлиџанчиња
- брокула (се става на 5 мин во солена вода што врие, не треба многу да омекне, нема да стои на ражњичот) 
- пиперка црвена, жолта, зелена
- кромид (уште поубаво ако е млад кромид). 

Сите зеленчуци се сечат на парчиња и форми во приближна големина и се редат на стапчиња за ражњичи најизменично, треба да бидат шарени.










Кога ке се наредат, се ставаат само кратко да се запечат од сите страни на тава или скара и додека се печат ги попрскувате со малку маслинов зејтин. Ако претерате со печење, ке се изгуби бојата на зеленчуците.




Кога се готови, се боцкаат на зелка исечена на половина (јас сум ги ставила на црвена зелка, за да биде уште пошарено)
Многу се декоративни, а по брзината со која ги снема од маса, изгледа беа и многу вкусни 

Ваш коментар: