Крема со јагоди


 
Јагоди или било кое овошје по желба
(малини, капини, диња, банани...)














За кремата  е потребно
½ литар млеко
2 жолчки
6 лажици шекер
2 лажици брашно

 
Се матат жолчките со шекерот додека не побелат. Се додаваат 2 големи лажици брашно и малку ладно млеко и се мати полека, да нема грутки.

Млекото се става на шпорет, се става една кесичка ванилин шекер и пред да почне да врие, полека се додаваат матените жолчки. Се меша да не загори и се вари 3-5 мин за да добие густина. Исто како што се прави пудинг. Кога кремата малку ке се олади, се става во чаши  - малку крема, па јагоди, па повторно крема .... 






 
Уште поубаво ке биде ако се искомбинира и со некоја пишкота или тесто што ви останало од правење на торта (пандишпан) како што е на сликава.


Ваш коментар: