Овој рецепт случајно го најдов на нет и морав да го испробам ... интересен и чуден е ...
За ова ни треба стар леб, јајца, маргарин или маслинов зејтин, Вегета ...
Пробушениот леб се запекува во тефлонска тава од едната страна, се превртува и во дупката се крши едно јајце. Се посипува со Вегета и се остава во тавата, да се запече од долната страна.
Кога ке биде малку запечено, се вади внимателно и се става во плех, на хартија за печење. Сите лепчиња се печат околу 5 мин или додека јајцето не биде запечено.
Се сервира со сирење, кашкавал, ајвар, мајонез...
Ваш коментар: