Клуб сендвичи



За овие сендвичи нема правило
можат да се направат во милион варијанти, со состојки што највеке ги сакате или со тоа што моментално ви се наоѓа во фрижидер ... единствено правило е дека треба да бидат направени од 3 парчиња леб и 2 "фила" помеѓу нив.







 
Инаку, сендвичите биле познати уште во 19 век и биле омилено јадење на Едвард VIII и неговата Wallis Simpson.


 
Се прават од леб за тост, обично го купувам тој со семки, бар нешто здраво да има во него.

Лебот може да се стави во рерна, 5 мин на 150 да стане крцкав, ама не мора. Едно парче леб се мачка со мајонез, врз него се става салама или сланина или тенко исечено печено месо, се редат краставички (кисели или свежи). Се поклопува со друго парче леб кое се мачка со павлака или пак со мајонез, ставаме еден лист крцкава зелена салата, кашкавал, тенко сечен патлиџан, варено јајце .... и се друго што ке ви се најде при рака. На крај се поклопува со третото парче леб.






Квадратните парчиња леб се сечат дијагонално, да се добие триаголна форма и секој сендвич се боцка со чачкалица за да не се растури додека се сервира.
Се надевам дека ке ми пратите слика со вашите комбинации.

Ваш коментар: