Аранчини (кандирани кори од портокал)

Интересни за грицкање, атрактивни за гледање, мааалку поздрави од други грицки, можат да се употребат како кандирано овошје во креми и торти или за декорација или за аранжирање на чаши за коктели .... а не се скапи










Пред употреба пожелно е портокалите и лимоните да ги измиеме со топла вода и да ги избришеме со сува крпа. Се лупат и кората  се става во некој сад со ладна вода и така стои 2-3 дена. Садот нека ви биде при рака, не морате сите портокали да ги излупите одеднаш, можат да се собираат кори од 2 дена. Водата во садот треба често да се менува.


После 2-3 дена, кога ке соберете доволно кори, исечете ги на тенки стапчиња, со дебелина од максимум 5 мм. 


  








Стапчињата се ставаат да се варат во шербет од 150 гр вода и 250 гр шекер.(на мене ова ми е мерка за кори од 3-4 портокали) Јас ги варам околу 20 мин или додека не испари водата и стапчињата почнуваат да стануваат лепливи.






Со шуплива лажица се вадат од шербетот и чекаме малку да се исцедат и ги ставаме во шекер измешан со ванила , ама мораат да се одвојат, за да не ви останат како гнездо, на купче!
Така истркалани во шекер се оставаат да стојат неколку саати, добро да се исушат. 


Јас си ги сакам и комбинирани со чоколадо, па така пола доза ги брцнувам во стопено горко чоколадо и ги оставам убаво да се сушат.








 
Се чуваат и во добро затворена тегла, не мора херметички, можат да стојат и до 3 недели.

Кај мене не издржаа толку, ама тероетски – можат!!!








Ваш коментар: