Шкампи со палента





Оваа комбинација е добра како предјадење или кога се прави морска софра.

 
















  •  500 гр смрзнати чистени шкампи (ги има во супермаркетите и не се многу скапи)
  • маслинов зејтин
  • магдонос (околу ½ китка)
  • 2-3 чешниња лук
  • сол или вегета
  • малку бело вино (100 мл)
  • 50 гр суво грозје (не е обавезно)
  • пола лажичка сос од патлиџан
  • инстант палента, околу 200 гр
  • зеленчук по желба за украсување на палентата
Ова се мерки за 2-3 особи, ако се служи како предјадење ... или ако е само за мене :))))

Се вари палента на класичен начин. За да изгледа интересно, кога е готова, се додаваат магдонос или брокула или варен морков или ситно сецкани црвени пиперки ... по желба. 
Некој сад што има интересна форма се плакне со вода, да остане мокар и во него се става палентата. Се остава да се лади и да добие форма. 

Додека палентата се лади, во длабока тава се става маслинов зејтин, малку се загрева и се додава ситно сечен магдонос и лук. Малку се пропржува  па се додаваат смрзнатите чистени ракчиња. Можат да се комбинираат поситни и покрупни, со тоа што ситните се додаваат по 5 минути.
По желба, се додава малку презла, ама не е обавезно. Ракчињата се динстаат на средна температура околу 15 мин, се внимава да не се распаднат. Повремено се додава малку вода, во која сме раствориле пола лажичка сос од патлиџан, да не се пржат на суво, мора малку течност да има. Може да се додаде и некое зрно суво грозје, тоа ке им даде убав мирис и ке бидат сочни. Кога ке испари водата, пред крај на варењето, се додава малку бело вино и се меша полека додека не испари. 

Сервирање:  на средина на тањирот за сервирање,  оладената палента се превртува од садот и околу неа се ставаат динстаните шкампи. Се украсува со магдонос и парчиња лимон.




Ваш коментар: