Паста со тиквици



Некогаш сум пробала негде некоја слична паста, ми се бендисала и после дома си импровизирав и излезе многу добра. Од тогаш ја правам често, освежува и добра замена е за мрсни и месни ручеци.











Од тестенините највише сакам таљатели, некако најубави ми се за сервирање, за јадење, не треба да го бркам со виљушка, не треба да се мотаат, не паѓаат и не се лизгаат .... Обично, едно пакување таљатели е таман за 3 убави порции (и малку да остане за после, кога ке се олади) за 4 ми е малку, ми фали уште по некое залче. 

Значи, за оваа паста ни требаат

-          таљатели (едно пакување за 3 порции)
-          маслинов зејтин
-          сол
-          2-3 мали тиквички
-          лук
-          100 мл бело вино
-          павлака или хопла ( по желба)
-          бибер, вегета, магдонос,
-          сецкани или мелени оревиж
-          семки од сончоглед или лен (по желба)



Прво ги спремам тиквиците. Последен пат кога ми требаа тиквици, не најдов на пазар, па чичко ми ми даде вакви тикви од неговата бавча. Овие се малку кумплицирани за лупење, како кактус се, ама се повкусни од оние обичните од пазар.

Тиквите се сечат на тенки парчиња, јас обично ги сечам на полукругови.
Во длабока тава се става 50 мл маслинов зејтин и се сецкаат 3 чешниња лук.


 



Кога лукот ке замириса, се додаваат сецканите тиквици. Добро би било ако можете тиквите да ги исецкате 3-4 саата порано, да ги посолите и да ги оставите да пуштат вода и добро да ги исцедите. Така ќе потрошите помалку време на динстање.






Се додава вегета, бибер, 100 мл бело вино и се динста 30-тина минути. Ако треба, се дотура малку вода или вино или супа додека тиквиците не омекнат убаво.
На крај се додава павлака или хопла. Кога ги правам како light летен ручек, не ставам павлака, само тиквички и лук.


Кога сум при крај со тиквичките, ја ставам тестенината да се вари, класично, со сол и зејтин во водата. Пред да ги додадам тиквиците, врз таљателите сипам уште малку маслинов зејтин, оваа комбинација бара да се малку помрсни. Се додаваат динстаните тиквици и се меша полека.

Се вади `купче` од таљателите на тањир, се посипува со сецкани ореви, разни други семки по желба, копар и со маклу маслинов зејтин.






Ваш коментар: