Салати...салати...салати...


Салата може да се направи од се!
Од зеленчук, од месо, од риба, од тестенини, од овошје ….. а јас можам да живеам само од салата (ОК, и без чоколадо не можам)
Најмногу обожавам зелени салати – од разни треви, листови и краставици … во сите салати ставам маслинов зејтин (само кога правам зелка ставам пола/пола) и повеке од обичен оцет сакам Acceto Balsamico. 
 
Од пазар купив зелка, марула, рукола, спанаќ, моркови, цвекло … и направив повеке салати…





Зелена салата (марула)
Во оваа слата има и ротквица и младо кромидче и малку рендано јајце … за украс

… и маслинов зејтин, сол и пола вински оцет и пола Balsamico











Салата  од спанаќ и рукола
Варијанта 1

Спанаќот и руколата се мијат,  ке кинат на поситни парчиња и се ставаат во сад за салата, се додава сол, маслинов зејтин и Acceto Balsamico. Нежно се промешува и се посипува со пармезан, крупно рендан или сечен на тенки листови .
На крај се посипува со сецкани ореви и се прска со малку маслинов зејтин и Balsamico (овој на сликава е специјален, густ, за декорација)



Варијанта 2
Состојките се исти, само тука има и патлиџан, во случајов мини, ама се прави и со обичен патлиџан.
Салата од цвекло и морков 
Обично цвеклото и морковот одат во комбинација со зелка, ама и оваа варијанта на салата е здрава и освежителна.
Морковот и цвеклото се лупат, се рендаат и се мешаат со сол, маслинов зејтин и оцет по желба.

Салата од свеж спанаќ
Листовите спанаќ се кршат на поситни парчи
ња, се мешаат со оцет, маслинов зејтин и сол и врз нив се редат тврдо варени јајца.

Оваа салата може да послужи и како “light” ручек.

Состојките се исти, само тука има и патлиџан, во случајов мини, ама се прави и со обичен патлиџан.


 

Ваш коментар: