Елегантно изгледа, вкусот е фантастичен, брзо се прави ... тие
што го пробаа беа одушевени
Може да се прави во секое време, состојките потребни за ова интересно мезе или предјадење секогаш ги имате дома
- една поголема главица кромид
- 1 јајце
- малку брашно
- зачини по желба (јас ставив оригано, лук во прав, бибер, чили, жолта сол)
- сол
- зејтин
За сосот кој фантастично одговара со похуваниот кромид ви требаат сенф и мед.
Тие 16 дела внимателно ги двоиме и ги посипуваме со брашното во кое претходно сме ги измешале сите суви зачини.
Брашното се посипува помеѓу секој слој од кромидот за да може поубаво да се одвојат слоевите кога ке се потопат во јајце.
Се сервира топол или ладен со сос направен од сенф и мед, на кој по желба може да му се додаде малку чили.
Ваш коментар: