Brownies


Овој пат brownies ги правев според рецептот на мојот омилен кувар и прочуен слаткар Rudolph Van Veen.

Многу се лесни за правење, а количината која излегува не е занемарлива. За калориите овој пат нема да дискутираме :)))






Потребни состојки

- 250 гр темна чоколада
- 200 гр путер или маргарин
- 4 јајца
- 300 гр шекер
- 1/2 лит. млеко
- 150 гр брашно
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- 2 лажички какао
- малку сол
- додатоци по желба: сецкани ореви/бадеми/лешници/суво грозје  (јас ставив суво грозје и уште 100 гр чоколадо кршено на парчиња и 1/4 ситно сецкано чили пиперче)

Се става чоколадото да се стопи на пареа. Кога ке омекне, треба малку да се олади, па во него се меша омекнатиот путер.
Јајцата се мешаат со шекерот додека не се добие густа, пенеста смеса.
Во изматените јајца се додаваат млекото и мешавината од чоколадо и путер (маргарин). Се мати на најмала брзина и на тоа се додава брашното кое веке е измешано со какао и прашок за пециво.

Оваа смеса не треба да се мати многу, да не излезе целиот воздух од неа. Само треба брзо да се измеша за да стане еднолична.
Плехот треба да биде со средна големина.
Плехот за печење го обложуваме со хартија за печење од сите страни, така после полесно ке се извади колачот.



Целата смеса се става во плех за печење и врз неа се истураат крупно сечканите додатоци. Додека почне да се пече, тие ке потонат до пола во смесата, кога ке биде готов, ке бидат некаде на средина на колачот.
Овој колач е посипан со крупно сечкано чоколадо, малку суво грозје (поситно сечкано) и малку чили пиперче. Лутината му дава специфичен вкус на чоколадото.
Може и да се искомбинира со свежо нане, неколку ливчиња да се расцепкаат и да се измешаат со смесата.



Се пече во претходно загреана рерна на 170°C околу 40 мин. Ако се провери со чачкалица, колачот не треба да биде сув. Кога ке се извади од рерна може да биде малку ронлив, ама кога чоколадото ке се олади и ке се стегне, ке можат да се сечат убави парчиња. 






Ваш коментар: