Паста со ракчиња



Лесен летен ручек со медитерански шмек















Тестенината може да биде по желба - шпагети, таљатели. макарони .... за едно лице треба околу 150 гр
- чистени ракчиња - количина по желба ( денес употребив чистен "јастог", смрзнат - за паста е сосема добар)
- маслинов зејтин
- лук
- магдонос, рузмарин
- 100 мл бело вино
- сол, бибер

Прво се прави прилогот: на загреан зејтин се ставаат сечканите лук и магдонос и веднаш де додаваат сечканите ракчиња (нека бидат на покрупни парчиња за да не се распаднат). Се прпоржуваат 5 минути, се додава малку бело вино и малку рузмарин  и се динстаат уште 10-ина минути додека не испари виното. Се додаваат сол и бибер.
За тоа време може да се сварат тетенините на начин како што секогаш ги варите.

Кога тестенината и прилогот ке бидат готови можат да се сервираат.


На тањирот прво се става тестенината па врз неа се става од прилогот.
Се полива со маслинов зејтин и се посипува со сечкан магдонос.






















Ваш коментар: