Сурими салата


Интересна, декоративна, посна салата, малку невообичаена. 
Главна состојка се сурими стапчињата - тоа се рибји филети од посебно одбрани видови бела риба. Месото од рибата се сече на ситни парчиња и се мијат во ладна вода за да се зачуваат белковините, а месото добива облик на бела смеса, слична на паштета. Таа смеса се обликува во стапчиња и термички се обработува на пареа. Значи, сурими стапчињата не мораат да се варат пред употреба. Затоа оваа салата брзо се спрема.



Ова се мерки за 4-6 лица

-     
едно пакување сурими стапчиња (200 или 250 гр)
-          -      3 средни компири, варени во лушпа
-          -       праз по желба (некој го сака многу, некој помалку, ама празот и дава на салатава и мирис и вкус)
-          -      1 конзерва темен грав (400 гр)
-          сол, бибер
-          -      50мл бело вино (може и помалку)
-         -       јаболков оцет
-         -       квалитетен маслинов зејтин
      -  сол, бибер



      На сурими стапчињата им се вади фолијата во која се спакувани и се сечат на 2-3 дела, по желба.
      Компирите се лупат и се сечат на кругови.
      Празот се сече по желба
      Сите состојки се мешаат, се додава гравот од конзерва (претходно измиен со вода и добро исцеден)
      Се додава вино, оцет, маслинов зејтин, сол, бибер ... се меша внимателно за да не се распаднат компирите.
      Се остава салатата "да се одмори" 15 минути, додека се измешаат вкусовите.
      Добро оди и со вино и со ракија :))






     Може да послужи како самостоен лесен оброк или како салата (добра е за промена на менито на посните слави кои сега ги има многу )































Ваш коментар: