Pizza ролнички



Интересни, вкусни, богати со фил ... прекрасни се кога се топли, можат да се јадат и ладни ..... можат и да се замрзнат .... со едно тесто може да се направат и солени и благи ролнички ...











За тестото е потребно  (за околу 50 парчиња):
- 1,125 кг брашно
- 1 свеж квасец
- 1 шоља (250 мл) топла вода
- 1 шоља ладно млеко
- 180 мл зејтин
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- 1 лажичка шекер
- 1 лажичка сол

Фил:  (мерките и состојките се според желба)

- благ кечап
- кисели краставички
- фета
- шунка
- оригано   

За премачкување:
- 2 жолчки
- сусам


Квасецот се става во топлата вода и му се додаваат 1 лажичка шекер и 1 лажичка брашно.
Додека квасецот стасува, на брашното  му се додава сол, прашокот за пециво, 1 лажичка шекер. Потоа се додава квасецот, млекото и зејтинот. Се меси убаво додека тестото не стане мазно. Се покрива со крпа и се остава на топло место додека не нарасне дупло. (најмалку 1 час)
Додека тестото стасува, се прави филот. Се рендаат киселите краставички и шунката, а фетата се пасира. Се додава оригано и убаво се меша.


Нараснатото тесто се кине и се прават топчиња. Од секое топче со сукало се прави кора и на секоја кора на средината се става малку кечап и врз него малку фил. Тестото се витка како сарма, прво краевите, а потоа во ролат. Се редат во плех врз хартија за печење.
* Секогаш крајот на ролничката се става од долната страна, така се избегнува отварање на тестото.



Наредените ролнички се премачкуваат со жолчка и врз нив се посипува сусам. Се печат во загреана рерна, на 200°С, околу 30 мин или додека не добијат убава, златна боја.
Совет: кога ке се испечат се прскаат со вода и се покриваат со крпа, да се "одморат". Така ке останат меки и кога ке се оладат.





Вака изгледаат кога се готови.











Со истото тесто може да се направи и слатка варијанта, како фил може да послужи џем, слатко, еурокрем .....
Се премачкуваат со жолчка пред печење, а кога малку ке се оладат се посипуваат со мешавина од шекер во прав и цимет.







































Ваш коментар: