Карамелизиран кромид - Onion marmalade



Џем од кромид? Мармалад со вкус на кромид? Многу чудна комбинација, слатко-кисело-солено-лута, ама идеално одговара со месо печено на скара или ладно печење или пилешки крилца или како додаток во пица или само едноставно со некој добар кашкавал.






Јас направив 2 варијанти, мала количина што треба да се употреби во рок од 5-6 дена и поголема мерка, што се чува како зимница и се употребува по потреба.

Количина доволна за еднократна употреба:
- 4 супени лажици маслинов зејтин
- 5 средни главици кромид
- 50 гр кафеав шекер
- 50 мл Aceto Balsamico
- сол, бибер



Кромидот се сече на тенки резанки и се пржи на загреаниот зејтин околу 15 мин или додека не омекне и да стане "стаклен". Не смее да се пржи на висока температура затоа што краевите на кромидот ке потемнат и можат да станат горчливи.





Кога кромидот ке омекне, се додава шекерот и се меша за да се карамелизира. Треба постојано да се меша затоа што ке стане густо и може да загори.




Кога смесата од кромид и шекер ке добие густина на мед, се додава  Aceto Balsamico и се меша додека течноста не испари. Кромидот ке добие црна боја и ке почне да се одлепува од тавата. На крајот се додаваат сол и бибер по желба. Може да се јаде ладно или топло.



Ваш коментар: