Туфахија е вид на сладок десерт, по потекло од Персија. На Балканот ја донеле Турските освојувачи, а ние имаме обичај да кажеме дека тоа е босански специјалитет, затоа што најчесто таму се прави. Туфахија е колач од варени јаболки филувани со ореви.
Обично се употребува златен делишес, некоја средна големина. Оваа сорта на јаболка најдобро "го поднесува" варењето, не се распаѓа.
Вообичаена количина е по една туфахија по човек.
За 8 туфахии ми беа потребни:
- 600 мл вода
- 400 - 450 гр шекер
- 150 гр ореви мелени
- 100 гр кекси мелени
- 2 кесички ванилин шекер
- 1 лимон
Јаболките добро се мијат, се лупат и кората се остава на страна, а средината се вади, и се прави дупка по целата должина на јаболката.
Се вадат од тенџерето и се оставаат да се оладат. Во тенџерето се додава останатиот шекер, корите од јаболките и се остава да врие уште 15 мин да се добие густ шербет.
Оревите и кексите се мелат и се мешат, им се додава кесичка ванилин шекер (јас додадов и ликер од бадем). Мешавината се попарува со шербетот во кој се вареле јаболките. По желба се додава и шекер, ама треба да се внимава дека се мешаат со шербет, да не биде филот пресладок.
Секоја јаболка добро се полни со филот, треба да има мнооогу фил во нив. Се оставаат да се оладат добро пред послужување. Повремено се поливаат со шербетот за да останат сочни
Пред сервирање се украсуваат со шлаг.
Јас ставив и вишна од слатко. И ги посипав со мелени ореви и какао.
Секако, може да се сервира и на тањири, по желба.
Ваш коментар: