Праските се идеално овошје за оваа крем торта, но сигурна сум дека резултатот ќе биде прекрасен и со вишни или некое друго овошје кое можете да го најдете замрзнато во зимскиот период.
За бисквит тестото потребно е:
60 гр путер (или маргарин)
60 гр шеќер
1 јајце
80 гр брашно
5 гр прашок за пециво
трошка сол
За кремата:
130 гр шеќер
½ литар млеко
½ литар слатка павлака (по можност не растителна и со 35% масленост)
150 гр брашно
4 јајца
рендана кора од лимон
И уште: неколку меки Амарето бисквити или друг вид мек бисквит (може и коцкички пандишпањ) - овој дел не е задолжителен
400 гр праски или друго овошје
Постапка:

Најдобро е да користите калап за торта со дијаметар од околу 22цм со обрач кој се отвара. Ставете хартија за печење само на дното, а рабовите на калапот измачкајте ги со путер и посипете со брашно.
Смесата за бисквит истурете ја на дното на така припремениот калап и добро израмнете ја површината. Печете околу 30 минути на 150°С.
Во меѓувреме подгответе ја кремата: Загрејте го млекото и шеќерот во едно тенџерче се додека шеќерот не се стопи. Во друг сад добро измешајте го брашното со слатката павлака и полека додавајте го на загреаното млеко, не престанувајќи да мешате со маталка за да не се згрутчи. Продолжете да ја варите кремата на многу тивок оган уште 5-6 минути додека не се згусне, со постојано мешање. Оставете ја да се излади малку, потоа додајте ја ренданата кора од лимон, јајцата едно по едно, добро измешајте и на крај додајте ги праските излупени и исецкани на коцки (оставете една за декорација).
На испеченото бисквит тесто изронете ги меките бисквити или коцкици пандишпањ и врз нив истурете ја кремата која во меѓувреме се изладила. Печете повторно на 150° се додека кремата не биде целосно печена (тоа ќе го проверите со чачкалица), околу 40 минути.
Оставете ја тортата да се лади во фрижидер неколку часа, потоа извадете ја од калапот и украсете ја по желба со преостанатата праска и трошки од бисквитот кој го издробивте и во тортата.
Ваш коментар: