Проја




Оваа проја слободно може да се нарече Пројата на Тања - многу ретко кога ке земам рецепт за нешто, се придржувам до него, морам нешто да ставам по мое. Ама пројава ја правев баш така како што ми пиша Тања.

И дооообра беше!






  За пројата се потребни: 

******     најважно е да се употребува една иста мерка (шоља) за сите состојки. Јас користев средна шоља -  околу 150 - 180 мл. 
 

- 4 јајца
- 3 шољи зејтин
- 2 шољли газирана кисела вода
- 3 шољи млеко
- 4 шољи пченкарно брашно
- 3 шољи обично, бело брашно
- прашок за пециво
- сол
- околу 150 гр сирење
- кајмак по желба




 Рерната се уклучува на 200°C

Се ставаат сите состојки по можност по овој редослед, на крај се додава сирењето што претходно сме го изгмечиле. Треба да се добие густа мазна смеса.









Смесата (тестото) се пресипува во подмачкан плех .... Добро е плехот да биде голем, за да може пројата да биде што потенка.

Смесата се посипува со сусам (јас во моментот немав сусам, па ставив семки од сончоглед) .




Се пече околу 30 мин на 220-250°C. Дали е добро печена може да се провери со трикот со чачкалица: се боцка чачкалицата во тестото, кога е при крај на печењето - ако чачкалицата е сува, тестото е готово, ако на неа има траги од тестото, треба да се пече уште малку.







Се служи со сиренце, ајварче, кајмаче, саламче, чварки .... и со се што ке посакате. Се јаде и топла и ладна.




Ваш коментар: