Ослич ... или ослиќ

Не сум некој голем љубител на риба ... јадам ако морам : ( ....ама треба понекогаш да се готви и риба, здрава храна е. А филети од ослич се одлични ако не сакате да се занимавате со коски и чистење на риби.

















За ова јадење нема мерка, се ставаат состојки по желба.


За 2 лица јас употребив:


- ослич филети замрзнати - 4 ком  ( 2 часа пред печењето ги ставив во маринада од маслинов зејтин, лук, соја сос, сол и исцеден сок од 1 лимон)
- маслинов зејтин
- 1 главица кромид
- малку праз (не е обавезно)
- неколку чешниња лук
- 2 лимона (еден цеден во маринадата и еден исечен на 4 дела во тавчето)
- сос од патлиџани - пелати или 2 зрели патлиџани ако е лето
- бибер
- 3-4 средни компири
- магдонос
- 100 мл бело вино




Во тавчето во кое ке се пече се става малку зејтин, па ако има се реди сецкан праз, па врз него кромидот сецкан на тркалца, па може да се стави и некое сушено патлиџанче.









Врз него се реди рибата извадена од маринадата, па врз неа се става сецканиот лук, не треба многу ситно да се сецка.







Врз рибата се ставаат компирите. За да го скратам времето на печење, јас малку ги сварив компирите, се приметува на нив дека не се целосно варени, ама така се изедначува времето потребно да се испечат и компирите и рибата.





Врз компирите се редат зрели патлиџани сечени на тркалца или сос од патлиџани, како на сликава. Најгоре фрлив и некое зрно суво грозје, да биде сочно и да им даде шмек на компирите.  Се пече 30-ина минути на 200° поклопено, па се полива со 100 мл бело вино и се пече уште 10-ина минути непокриено, да испари вишокот на течност 



 
Се украсува со гранчиња магдонос и најдобро е ако со ова јадење се пие убаво, ладно бело вино.  




Ваш коментар: