Бајадера

Бајадерата е една од најелегантните и најпрефинети посластици. А името бајадера потекнува од португалскиот јазик и значи: танчерка или по нашки - плесачица.

















За една добра доза на ова слатко совршенство ни се потребни:

    •  650 гр шекер
    •  18 супени лажици вода
    •  210 гр маргарин
    • 250 гр мелени ореви
    •  250 гр мелен кекс
    •  100 гр чоколадо
      за глазура:
    • 100 гр. чоколадо за готвење
    • 20 гр маргарин
    • 3 лажици млеко
    • 3 лажици зејтин
    
     Шеќерот и водата се ставаат да провријат, тенџерето се трга на страна и се додаваат мелените ореви, мелените бисквити и маргаринот.


    Се добро се меша и се дели на 2 дела. Во едниот дел се додава стопено чоколадо или какао. Другиот дел останува светол.
    Во некој плех или поголема пластична кутија се става прво темниот дел. Плехот или кутијата треба да бидат малку намастени за да не се лепи смесата, а јас повеке сакам да го обложам со пластична фолија за храна, така ми е полесно и да ја извадам бајадерата за сечење.  Темниот дел се остава малку да се олади и врз него убаво се распоредува и светлиот дел. Смесата треба да биде компактна и затоа треба да стои малку во фрижидер, да се олади.

    Кога ке се олади, се прелива со глазура. Најдобро е да се направи еден ден порано, за да може добро да се стегне.



    Се служи исечено на правоаголници - како права бајадера
    Ваш коментар: