Ражњичи од школки и сланина


Школки и сланинааааа???? Незамисливо!!!! Не треба да замислувате. Пробајте!


















Ова предјадење го смислив минатиот Божиќ, поточно за вечерата на Бадник, кога традиционално се јаде риба, како слободна интерпретација на поимот "посно".

Веќе долго време (релативно успешно) комбинирам наизглед неспоиви состојки, како на пример морски плодови со млечни производи или со месо. Моите омилени гости се секогаш отворени за експерименти, но често пати (читај Божиќ & Co.) гостите не можам да ги бирам, а традицијата морам колку толку да ја запазам.


Школките кои ги употребив за овој рецепт на Јадран ги нарекуваат Свети Јаков, во светот St Jacques а во Италија се викаат Capesante (латинскиот назив им е Pecten jacobaeus). Се сметаат за специјалитет и се јадат во посебни прилики, да речеме дека не се секојдневно јадење. Обично се спремаат така што месото се обвива во мешавина од презла, лук и магданос и - сместено во вдлабнатата половина на „лепезата„ - се запечува во рерна.

Арно ама... јас сакам секоја година да сменам нешто во менито, па така овој пат месото од школката го премачкав со сенф и го завиткав во тенка кришка сланина. На едно стапче наредив три такви "залака" и кратко ги запржив во тава со малку маслиново масло.

Гостите немаа никаква замерка... напротив!
Ваш коментар: