Quiche by me

Ова би требало да е некоја варијанта на Quiche Lorrainе, ttp://en.wikipedia.org/wiki/Quiche    ама не може да го носи тоа име затоа што е моја импровизација и само концептот е ист, а состојките не се...









  Мојот Quiche се прави вака:
- 250 гр брашно
  - 120 гр маргарин
  - сол
  - 80-100 мл вода
  - 150 гр павлака или хопла
  - 3 јајца
  - 50 мл млеко
За филот употребив:  тиквичка, модар патлиџан, 2 кобасици (крањски), маринирани печурки



Се меша со рака брашното со сол и со омекнатиот и на парчиња сечен маргарин се додека не стане зрнесто како на сликава.
Постепено му се додава вода додека се добие мазно тесто, малку потврдо од вообичаеното.
Тестото се остава во фрижидер 30 мин. За тоа време се спрема филот.








Модриот патлиџан се сече на тркалца, се посолува и се остава на страна  да пушти вода и да му излезе горчината. Тиквичката се сече на долгнавести ленти, се посолува и се остава да пушти вода. Кобасицата се сече на тркалца и се пропржува на кратко. Потоа се пропржуваат и модриот патлиџан и тиквичката. Може да се додаде и патлиџан сечен на кругови и праз и кромид (оригиналниот рецепт е со сланина и кромид)





Тестото се вади од фрижидер и со сукало се развлекува да биде поголемо од садот во кој ке ја печете питата. Садот се премачкува со зејтин или маргарин и се става тестото .... се "мести" по рабовите на тавата или плехот.
ВАЖНО: тестото мора да се избоцка со вилушка кога ке се намести во тавата - во спротивно може да испука или да се дигне и да стане нерамно.





Врз тестото се редат спремените зеленчуци и кобасица.





На крајот се матат јајцата со павлаката, по желба се додава сирење, се разредува со малку млеко, малу се посолува (внимавајте, модриот патлиџан и тиквичките се веќе солени) и со таа смеса се прелива нареденото тесто. Врз тоа по желба може да се изренда кашкавал.








Се пече 20 мин на 200°, треба да добие убава "запечена" боја. Кога ке биде готово филот сеуште ке биде редок, но кога ке почне да се лади ке се стегне. 
Се сече на парчиња и се јаде топло (нашево не стигна да се олади)















Ваш коментар: