Ова би требало да е нешто како варен ѓеврек, само дебел.
Никогаш не сум сакала варен ѓеврек, ама кога случајно на ТВ видов како се прават, посакав да ги пробам.

А багелот или бејгл, кој како сака, има богата историја и е популарен во многу земји и постојат многу негови верзии. Ама за историјата ке пишувам друг пат, сега ке го спремаме за јадење.
За 8-9 парчиња ни треба:
1/3 свеж квасец
1 супена лажица сол
2 дл вода
1 лажица зејтин
сусам, афион и разни семки по желба
Во еден сад го ставаме брашното, по една лажица шекер и сол, се истура квасецот и зејтинот и се замесува тесто. По потреба се додава уште вода.
Замесеното тесто се дели на 9 дела, од секој се прави топка, се покриваат со влажна крпа и се оставаат да стојат околу 15 мин.

Зошто?...Па, има "финта" за правење на ѓевречињата :) тестото мора да се "сврти" околу дланката :)
За тоа време во тенџере се загрева вода во која сме ставиле малку шекер и кога водата ке почне да врие, ги ставаме ѓевречињата да се варат, по 1 мин од секоја страна. Се вадат од водата, се оставаат малку да се исцедат и се посипуваат со семки по желба или се премачкуваат со јајце.

Ваш коментар: