Салата со тиквички

Освежителна и брза салата, што може да биде и комплетен оброк.

















 Количината на состојките ке си ја прилагодите сами, ова е мерка за 2 лица

- една тиквичка, средна големина
- еден поголем патлиџан
- неколку свежи шампињони
- 2 чешниња лук
- магдонос
- маслинов зејтин
- сол
- Aceto balsamico по желба




Тиквичката се лупи и се сече на долгнавести стапчиња. Се посолува и се остава еден час да излезе водата од неа. Може да се употреби и веднаш, ама ке треба повеке време да се испржи и ке биде многу мека.
Се пржи на малку масло, да биде запечена од сите страни.










Кога тиквичката ке се испржи, добро би било да се остави неколку минути на хартија што ке ги впие вишокот вода и зејтин.
Печурките се сечкаат на листови и многу кратко се пропржуваат во истата тава. (2-3мин)



Ситно се сечка лукот и магдоносот, патлиџаните се сечкаат на помали парчиња и се заедно добро се меша.
Се посолува и се додава уште малку маслинов зејтин.
Тањирот може да се декорира со густо Aceto balsamico или малку да се стави врз салатата.
На крај се посипува со сечкан магдонос.






Салатата е уште поубава ако тиквичките и печурките се спремат порано, па да стојат во фрижидер да се оладат, ама доста вкусна и интересна е и топло-ладната комбинација.
Ваш коментар: